Повик за користење на средства од ИПАРД програма – Мерка 3

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошен текст: Агенцијата) како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани правни лица од Република Северна Македонија да достават барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 за следната мерка:

Мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.

Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.

Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од:

  • 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 6 септември 2022 година. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 5.028.568,00 евра или 310.237.491,00 денари со можност истата да се зголеми за времетраење на јавниот повик

Сподели

Претплати се на нашиот newseltter

Биди во тек со сите информации за земјоделците

Можеби ќе ве интересира...

Новости

ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2023 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020

Отворен до 18.09.2023 1. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошен текст: Агенцијата) како надлежна институција и договорен орган за спроведување на

Новости

МЗШВ: Усвоена програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година вредна 1,3 милијарди денари

Како предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја усвои Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој

gdpr-image
Оваа веб страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со продолжување на користење на оваа веб страница, вие се согласувате со нашата политика за колачиња.
Прочитај повеќе
 - 
Bulgarian
 - 
bg
English
 - 
en
Macedonian
 - 
mk
Serbian
 - 
sr