Преку програмата за финансиска поддршка на руралниот развој министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство нуди мерки со кои ги поддржува младите земјоделци, и тоа преку мерката 112, помош за млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност, каде се доделува грант во висина од 10.000 евра и мерката 113, поддршка за поттикнување на земјоделското производство, со грант од 20.000 евра.
Овие две мерки имаат голема популарност кај земјоделските производители што беше мотив МЗШВ да предложи законски измени на законот за земјоделство и рурален развој со кој се овозможуваат услови за започнување со авансна исплата на финасиската поддршка за млад земјоделец. Па така со оваа измена младите земјоделци ќе можат авасно да добијат 40% од вкупната вредност на грантот за поддршка за млад земјоделец.
Во очекување на еден од повиците и целосните услови и критериуми, потсетување кој може да аплицира и какви документи се потребни.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА
На јавниот повик може да аплицираат носители на земјоделски стопанства на возраст од 18 до 40 години. На денот на поднесување на барањето до Агенцијата, носителот на земјодлеското стопанство потребно е да има помалку од 40 години.
- Индивидуален земјоделeц
– вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност; или
– кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување; или
– кој се занимава со земјоделство како дополнителна дејност - Трговец поединец
– регистриран согласно Закон за трговски друштва; - Трговско друштво
– регистриран согласно Закон за трговски друштва.
Земјоделските стопанства мора да се впишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со Закон за земјоделството и рурален развој и да не користеле помош од претходниот јавен повик за мерката 112.